Top Sport

Ајакс „здиве“ – осум гола за Графшап! (видео)

Ајакс се доближи на само два поени зад ПСВ Ајндховен во холандската Ередивисие по неверојатната 8:0 победа над Де Графшап во меч во кој двајца фудбалери постигнаа хет-трик.

Душан Тадиќ го отвори резултатот по 18 минути игра, по што Нусаир Мазрауи и Хаким Зијеч додадоа по уште еден гол до крајот на полувремето ,пред „лудото“ второ полувреме. Зијеч постигна уште два гола да го комплетира хет-трикот, а хет-трик имаше и поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Дејли Блинд, негов прв во сениорската кариера.

Scroll to Top