Top Sport

Сампдорија за три минути ја „суреди“ Парма, Фиорентина со кам-бек против Емполи (видео)

Сампдорија со 2:0 ја совлада Парма во најинтересниот неделен меч од 16. коло во Серија А, за да се искачи на седмото место во израмнетата италијанска лига.

Џанлука Капрари во 66. минута и ветеранот Фабио Кваљарела само три минути подоцна беа стрелци за клубот од Џенова.

Фиорентина, пак, се созема од шокот на стартот на мечот, кога Емполи поведе со 0:1 во 24. минута, за на крајот да стигне до 3:1 победа, додека Сасуоло се искачи на шестото место во лигата со 2:0 победа кај „отпишаниот“ Фросиноне.

Фото: ЕПА

СЕРИЈА А, 16.КОЛО

СПАЛ – Киево 0:0

Фиорентина – Емполи 3:1

Фросиноне – Сасуоло 0:2

Сампдорија – Парма 2:0

Scroll to Top