Top Sport

Ајала: Марадона е уметник, Меси е „Брзиот Гонзалес“

Помошникот тренер во репрезентацијата на Аргентина Роберто Ајала, ги споредил Диего Марадона и Лионел Меси со зборовите „секој е посебен на свој начин“.

„Имав можност да играм со двајцата, првите чекори ги направив крај Диего. Двајцата се фудбалски џинови и Меси ќе биде запаметен кога ќе се повлече. Не знам дали ќе го паметат како шпо го паметат Диего, но тоа не е важно бидејќи се различни како фудбалери. Диего според стилот беше чист уметник, а Меси е „Брзиот Гонлазелс“ кој ја носи топката на два сантиметри од ногата“, рекол поранешниот фудбалер на Валенсија.

Марадона ја предводеше Аргентина до титулата Светски првак во 1986 година, додека Меси во 2014 година не успеа со Аргентина во финалето против Германија.

Scroll to Top