Баерн Минхен го декласира Ајнтрахт Франкфурт со 5:2 во последниот меч од саботната програма во Бундеслигата. Баерн со оваа победа ја задржа предноста од четири поени во однос на Борусија Дортмунд. Ајнтрахт, по петтиот пораз во низа, остнаа на 13 место на табелата.
Баерн не дозволи изненадување во Михен, иако во еден период од вториот дел Ајнтрахт успеаја да се врата во мечот.
Горецка во 18 и Милер во 41 минута му обезбедија убава предност на Баерн на полувремето која на почетокот од вториот дел ја зголеми Левандовски. Ајнтрахт одоговрија со два гола на Хинтерегер во 52 и 55 минута.
Надежите дека можат да направат чуд на играчите од Франкфурт им ги урна 19 годишниот лев бек од Канада Дејвис со голот во 61 минута. Точка на мечот стави Хинтерегер со авто-гол во 74 минута.
Во наредното коло се игра големото дерби во Дортмунд помеѓу Борусија и Баерн.