Најголемиот фаворит за освојување на трофејот во Лигата на Европа, тимот на Барселона, е елиминиран во четврт-финалето, откако загуби со 2:3 од Ајнтрахт Франкфурт на „Камп Ноу“. Првиот меч во Германија заврши без победник (1:1), па Ајнтрахт му се придружи на Лајпциг како полуфиналист во ова европско натпреварување.
Филио Костиќ од пенал во четвртата минута најави изненадување, а Рафаел Боре пред крајот на првиот дел ја удвои предноста на гостите. Костиќ ја нокаутира Барселона со својот втор гол во 67.минута. Барселона се разбуди дури во судиското продолжение. Серхио Бускетс во 91. постигна гол, а Мемфис Депај од пенал во 101.минута намали на 2:3. Но, веднаш по ова беше означен и крај на мечот.
Вест Хем исто така е во полуфиналето откако го победи Лион на гости со 0:3. Крег Доусон и Деклан Рајс донесоа водство за англискиот тим пред одморот, а Џерод Боувен постигна трет гол на почетокот од второто полувреме. Вест Хе м во полуфиналето ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт.
Глазгов Ренџерс и Брага ќе играат продолженија, откако шкотскиот тим победи со 2:1 и ја анулира предноста на Брага (0:1) од првиот меч во Португалија.