Легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес Бланко, актуелен тренер на филијалата на „кралскиот клуб“, Кастиља, би можел да биде новиот тренер на Ајтрахт од Франкфурт.
„АС“, пишува дека веќе се воспоставени конталти помеѓу двете страни. Доколку постигнат договор, Раул, ќе го наследи Ади Хитер, кој од наредната сезона ќе го предводи тимот на Борусија од Менхенгладбах.
Раул, изминатите денови е често присутен во шпанските медиуми. Дел од нив го тврдат дека тој ќе го наследи Зинедин Зидан доколку актуелниот тренер на Реал реши да го напушти клубот.