Српскиот напаѓач Лука Јовиќ доби постојан договор со Ајнтрахт Франкфурт ставајќи крај на својата двегодишна позајмица од Бенфика, потврди бундеслигашот по големиот интерес на шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.
21-годишниот Јовиќ постигна 25 гола досега оваа сезона за Ајнтрахт, каде што играше како позајмен фудбалер од португалскиот клуб, со кој иронично, Франкфурт во четврток го игра вториот меч од четврт-финалето на Лига Европа.
Во март, Франфурт објавија дека во договорот заз позајмица има опција да го купат Јовиќ за околу 7 милиони евра, и во средата потврдија дека ја искористиле опцијата и дека му дале на Србинот договор до 2023 година.
„Развојот на Лука навистина не задоволи и немаше прашање дали сакаме да го обврземе на долг договор. Тој е фудбалер со неверојатни способности“, вели спортскиот директор на Ајнтрахт, Фреди Бобич.
Сепак, овој договор не мора да е гаранција дека талентот ќе остане во Германија, или сега со долгогодишен договор Франкфурт ќе се обиде да извлече добра цена на фудбалскиот пазар. Минатата недела таткото на Јовиќ за „Билд“ изјави дека неговиот син сака да остане во Франкфурт подолго време.
↪️ Alle Infos: https://t.co/NrzgxGXw59
— Eintracht Frankfurt (@Eintracht) April 17, 2019