Top Sport

Драма во Загреб, Шведска е вториот финалист

Шведска прв пат по 2002 година, кога на домашен терен ја освои европската титула, избори пласман во финалето на континеталниот шампионат. Швеѓаните во исклучително драматичното полуфинале во Загреб ја победи Данска по продолжението 35:34 (28:28, 16:14).

Данска влезе како фаворит во полуфиналната пресметка со соседите, кои на крајот по голема драма изборија финале.

Течната игра во нападот и брилијантниот Паличка на шведскиот гол беа нерешливи загатки за данските ракометри во најголемиот дел од натпреварот.

Швеѓаните неоптоварени влегоа во дуелот и таквиот пристап и овозможи во целост да ги контролираат настаните на теренот во првиот дел. Шведска најчесто имаше предност од 3-4 гола во првиот дел, а Данците предводени од Хансен и Лауге во финишот на првиот дел се доближиа на два негатива.

Многу слично сценарио имаше и второто полувреме. Одново Швеѓаните беа тие кои го диктираа ритамот стекнаа предност од пет гола (20:15) и одново Данска во игра ја држеше двоецот Хансен-Лауге.

Во 49 минута од мечот Данска успеа да се доблии на гол негатива, а по седмерецот на Хансен во 55 минута и да израмни (25:25).

Но Паличка на голот и Закрисон во нападот одново ја вратија Шведска на комотна разлика од три гола (28:25) на две минути до крајот.

И наместо Шведите да влеза во мирна завршница тие отстапија од филозовијата која ја форсираа 58 минути. Данска успеа да се врати на неверојатен начин откако Сван Хансен во последните 40 секунди постигна два гола, вториот во последната секунда и избори продолженија 28:28.

Лошиот финиш сепак не ги обесхрабри Швеѓаните кои и во продолженијата беа поконкретни, Палица забележа уште три одбрани за конечен триумф 35:34.

Паличка блескаше на шведскиот гол со 20 интервенции, а нападот го предводеше Закрисон со осум гола., а по гол помалку постигнаа Екберг и Готфридсон.

Кај Данска најефикасни беа Хансен со 12 и Лауге со 11 гола.

Шведска за златниот медал ќе игра в недела од 20:30 часот против Шпанија, а Данска претходно од 18 часот за бронзениот медал ќе игра против Франција.

Scroll to Top