Top Sport

Ајнтрахт се врати на победите, прекрасен гол на Ребиќ (видео)

„Српско-хрватската“ врска за Ајнтрахт Франфкурт повторно проработе откако Анте Ребиќ постигна фантастичен гол, а Лука Јовиќ го потврди статусот на најдобар стрелец во Бундеслигата при 3:1 победата над Фрајбург.

Во 36. минута, Ребиќ додаде до Халер, кој донесе водство за домаќините, а само четири минути подоцна, откако помина двајца дефанзивци постигна фантастичен гол со левата нога за 2:0. Ајнтрахт е на петтото место во Бундеслигата.

Борусија Менхенгладбах победи на гостувањето кај Баер Леверкузен со 0:1 за да го заддржи темпото со водечкото дуо Борусија Дортмунд и Баерн Минхен. По 18 кола, Менхенгладбах е трет со 36 поени, три помалку од Баерн и шест зад Дортмунд, кои подоцна играат во дербито со РБ Лајпциг.

Фото: ЕПА

БУНДЕСЛИГА, 18. КОЛО

Аугзбург – Фортуна Диселдорф 1:2

Баер Леверкузен – Борусија Менхенгладбах 0:1

Ајнтрахт Франкфурт – Фрајбург 3:0

Хановер – Вердер Бремен 0:1

Штутгарт – Мајнц 2:3

Scroll to Top