Top Sport

Македонија последниот меч на СП ќе го игра против Чиле

Катар со убедливи 37:27 (21:11) ја совлада репрезентацијата на Чиле во вториот меч од таканаречениот Президентс куп на Светското првенство во ракомет, што значи дека ќе игра со Русија за пласман на 12. место на Мундијалот во Германија и Данска.

Од друга страна, пак, јужноамериканската репрезентација ќе игра со Македонија во пресметката за 15. место на СП.

Чиле, слично како Македонија, на шампионатот има две победи, против Саудиска Арабија (32:27) и Австрија (32:24), но доживеа и три катастрофални порази од Норвешка, Данска и Тунис.

Фото: ЕПА

Scroll to Top