Top Sport

Ајнтрахт се засилија со Бас Дост

Ајнтрахт Франкфурт го потврдија трансферот на холандскиот напаѓач Бас Дост од Спортинг Лисабон со тригодишен договор, во обид да го засилат нападот откако ги загубија своите двајца најдобри напаѓачи – Лука Јовиќ (Реал Мадрид) и Себастиен Алер (Вест хем).

Покрај заминувањата на Јовиќ и Алер, се шпекулира дека и Хрватот Анте Ребиќ е пред трансфер, така што пристигнувањето на 30-годишниот Дост треба да го засили нападот. Тој има доста големо искуство во Бундеслигата, бидејќи играше за Волфсбург од 2012 до 2016 година.

Ајнтрахт се десетти во Бундеслигата со една победа и еден пораз во двете кола од новата сезона.

„Со заминувањето на Алер, моравме да најдеме достојна замена со големо искуство, за веднаш да ни помогне. Бас ги има сите овие квалитети и добро ја познава Бундеслигата“, вели спортскиот директор Фреди Бобич.

Scroll to Top