Top Sport

Таунзенд контра својот тим – застана во одбрана на Ешли Јанг (видео)

Андрос Таунзенд застана во одбрана на дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Ешли Јанг, откако неговиот клуб Кристал палас се потсмеваше со неговиот обид да му ја одземе топката на Вилфрид Заха.

Официјалниот Твитер акаунт на Кристал палас сподели видео од победата на Палас од 2:1 на „Олд Трафорд“ на кое се гледа како Заха го „врза“ Јанг на десната страна, пред ветеранот да го блокира неговиот удар. Незадоволен од потсмевањето со Јанг, Таунзенд одговори со одбрана.

„34-годишен фудбалер кој претходно беше крило против едно од најдобрите крила во лигата. Двапати го уништува, но на крајот го блокира додавањето. Треба да го пофалиме, а не да се потсмеваме“, напиша Таунзенд на Твитер.

Scroll to Top