Top Sport

Ајнтрахт „спуштени“ на земја – ја „урнаа“ Барса, па загубија од Унион

Унион Берлин стигна до рутинска 2:0 победа над Ајнтрахт Франкфурт, за да ги спушти „орлите“ на земја по славната победа на Барселона во четврт-финалето на Лига Европа.

Победникот беше одлучен во само четири минути во првото полувреме – Таиво Авонији во 17. минута стрелаше за водство на Унион, за Гриша Промел во 21. минута да зголеми на 2:0.

Со ова продолжува потпросечната сезона на Ајнтрахт, кои се само 10. на табелата со 39 поени, додека Унион се на шестото место со 47 поени со големи шанси за пласман во Европа следната сезона.

БУНДЕСЛИГА, 30.КОЛО

Унион Берлин – Ајнтрахт Франкфурт 2:0

Хофенхајм – Гројтер Фирт 0:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top