Top Sport

Јутјубер доживеа брутален нокаут од профи-боксер кој претходно немал победа во 13 меча

Јутјуберот Алберто Фрати доби вистинска лекција по бокс кога во рингот влезе со професионален боксер, кој немаше победа во ниту еден негов меч, уште еднаш покажувајќи е дека е едно да се правиш силен против тие без искуство во спортот, но кога ќе налеташ на вистински боксер, приказната е поинаква.

Фрати, кој е креатор на Јутјуб каналот „FightersLife“ влезе во рингот во меч во велтер категориј против Стефан Марковиќ од Босна и Херцеговина, кој немаше победа во своите 13 профи-мечеви.

Секако, Италијанецот не се снајде најдобро во рингот и по брутални шест рунди беше нокаутиран со силен удар со десната рака.

Scroll to Top