Top Sport

Академија Пандев го потврди заминувањето на Васоски

ФК Академија Пандев го потврди заминувањето на тренерот Александар Васоски по вчерашниот тежок 1:4 пораз од Тиквеш во 31. коло во Првата лига.

„Благодарност до тренерот Александар Васоски и првиот асистент Раденко Бојовиќ за професионалниот ангажман и посветеноста кон тимот изминатиот период. Управниот одбор на клубот ја прифати понудената оставка и донесе одлука до крајот на сезоната сениорскиот тим да го предводи тренерот Тони Атанасов“, се вели во објавата на струмичкиот клуб.

Scroll to Top