Top Sport

Академија Пандев ја „торпедираше“ Шкендија!

Академија Пандев стигна до убедлива 4:2 победа над Шкендија во клучната пресметка за второто место на табелата во Првата лига, во дербито на 31. коло.

Фарук Бихорац ги донесе домаќините во водство уште во втората минута од мечот, за Томислав Илиев со гол од пенал во 23. минута да зголеми на 2:0. Шкендија одговори со голот на Јан Кривак на стартот на второто полувреме, по што Пандевци ја вратија предноста од два гола со уште еден гол од пенал на Илиев во 63. минута, пред Пепи Ѓорѓиев да зголеми на 4:1 во 79. минута од мечот. Шкендија во 83. минута, исто така од пенал, намали на 4:2 со голот на Сидрит Гури.

ПРВА ЛИГА, 31.КОЛО

Академија Пандев – Шкендија 4:2

Шкупи – Македонија Ѓорче Петров 1:1

Скопје – Пелистер 4:2

Работнички – Борец 2:1

Струга – Брегалница 1:0

Тиквеш – Ренова 0:1

Фото: ФК Академија Пандев

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top