Македонскиот претставник Академија Пандев вечерва го игра првиот натпревар од пресметката против Лехија Гдањск од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА. Противникот е голем фаворит, а тренерот Ѓорѓе Стојчев верува дека овие европски дуели ќе бидат големо искуство за неговиот млад тим.
Нашиот тим се надева дека може да направи изненадување.
„Ние сме мал клуб и вторпат излегуваме во Европа, но подготвени сме за предизвикот. Лехија Гдањск е фаворит, но ние ќе сториме се за да одиграме квалитетно и да избориме поволен резултат за нас. Верувам дека ова ќе биде непроценливо искуство за овој млад тим на Академија Пандев“, изјави Ѓорѓе Стојчев пред вечерашниот меч во Гдањск.
Натпреварот меѓу Лехија Гдањск и Академија Пандев се игра вечерва, со почеток во 20.15 часот, на „Полсат плус арена“ во Гдањск.