Академија Пандев загуби со 4:1 на гостувањето против Лехија Гдањск во првиот натпревар меч од воведната квалификациска рунда во Конференциската лига на УЕФА. Флавио Паишао беше стрелец на хет-трик, погоди и Лукаш Зволински, а единствениот гол за Академија Пандев го постигна Душан Јоковиќ во 81.минута од мечот.
Натпреварот почна со инцидент на трибините и беше прекинат околу половина час откако домашните навивачи дивееја на трибините.
Флавио Паишао го отвори резултатот во 17.минута, а Лукаш Зволински осум минути подоцна зголеми на 2:0. До крајот на првиот дел, Паишао погоди и во 39.минута за убедлива предност на Лехија.
Во второто полувреме, Флавио Паишао се погрижи за хет – трик во 66.минута. Во завршницата од мечот, Академија Пандев постигна почесен погодок во 81.минута преку дефанзивецот Душан Јоковиќ.