Top Sport

Аке во 91 минута им пресуди на Тотенхем (Видео)

Борнмут забележа минимална победа над Тотенхем 1:0, во претпоследното коло во Премиер лигата. Гостите од Лондон натпреварот го завршија со двајца фудбалери помалку на теренот, Сон беше исклучен во 43, а Фојт во 48 минута. Тотенхем со овој пораз го компромитира својот пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.

Бортмут со двајца повеќе на теренот дури во 91 минута го совладаа одличниот Иго Љорис. Нејтан Аке го постигна единствениот гол. Холанѓанецот беше највисок во скокот по корнерот што го изведе Рајан Фрејзер.

Со третиот пораз во последните четири натпревари Тотенхем останаа на третото место со 70 бода, два повеќе од Челси и четири од Арсенал, но ривалите на Спарси од Лондон имаат и по еден натпревар помалку.

Доколку Челси утре победат против Вотфорд „сините“ ќе се искачат на третото место.

Scroll to Top