Top Sport

Ако Дибала сака во Интер, неговиот агент мора да го „намали апетитот“

Откако италијанските медиуми станаа сигурни дека Ромелу Лукаку пристигнува во Интер од Челси на позајмица за 8 милиони евра, фокусот се ориентираше на Пауло Дибала, и шпекулациите дека „нераѕурите“ му порачале на неговиот агент да го „намали апетитот“ и да го намали своето барање за процент.

Дибала е слободен агент по заминувањето од Јувентус, каде што земаше плата од 10 милиони евра по сезона, но во Интер ќе мора да се задоволи со далеку помала плата – неговиот агент Хорхе Антун бара 8 милиони евра, сума превисока за клубот, плус процент за него.

Според „Скај спорт Италија“, Интер се „охрабрени“ од фактот што постои релативно мала заинтересираност за Аргентинецот, кој одбива да оди во Премиерлигата, а Милан и Рома не се подготвени да понудат толку висока плата.

Scroll to Top