Top Sport

Србија се намачи со Американците, селекторот полуде: Кој ви е к…ц!

Србија стигна до 17:13 победа над САД во првото коло на Светското првенство во Унгарија, иако се мачеше против аутсајдерот во првите три четвртини, навлекувајќи го бесот на селекторот Дејан Савиќ.

Американците во хаотичната прва четвртина успеаја да дојдат до 5:5, пред да поведат со 7:6, по што Савиќ бесно им се дереше на своите играчи: „Кој ви е к..ц! Сите сте млитави, како се движите. Сега сакам да видам четири метри спринт, сите кои сте во игра, јасно?“.

Хрватска пак, против олимпискиот вице-шампион Грција одигра 8:8 во групата Б, каде што претходно Јапонија ја шокираше Германија со 12:11 победа.

Првото место во групите е многу важно, бидејќи носи директно во четврт-финале, додека второпласираните играат осминафинале со третопласираните во другите групи.

СП ВАТЕРПОЛО, УНГАРИЈА

ГРУПА А

Црна Гора – Унгарија 21.00 ч.

Бразил – Грузија 10:14 (2:2, 3:3, 3:6, 2:3)

ГРУПА Б

Германија – Јапонија 11:12 (2:5, 2:3, 2:3, 5:1)

Грција – Хрватска 8:8 (4:1, 1:4, 2:1, 1:2)

ГРУПА Ц

Јужна Африка – Италија 4:22 (2:4, 0:7, 1:8, 1:3)

Канада – Шпанија 2:19 (0:2, 2:7, 0:6, 0:4)

ГРУПА Д

САД – Србија 13:17 (5:5, 2:3, 3:3, 3:6)

Австралија – Казахстан 10:4 (1:0, 3:0, 3:2, 3:2)

Scroll to Top