Top Sport

Ако добие „понуда што не се одбива“, Барселона ќе го продаде Левандовски

Роберт Левандовски, најдобриот стрелец на Барселона е тема во денешните изданија на каталонските медиуми.

„Мундо Депортиво“, откри дека клубовите од Саудиска Арабија внимателно ја следат ситуацијата во Барселона и дека не е невозможно да се одлучат за Полјакот во овој преоден рок.

Причините се јасни, Барселона се уште има финансиски проблеми поради што не може да регистрира играчи, што значи дека Каталонците мора да продадат еден од своите играчи.

Марк-Андре тер Штеген одби трансфер, потоа повторно се повреди и заврши на операција и ќе отсуствува меѓу три и пет месеци. Андреас Кристенсен исто така одлучи да остане до следното лето, па Барса сега нема многу опции.

Во клубот се задоволни од Левандовски, несе размислува за негова продажба, но профитабилна понуда од Саудиска Арабија би можела да ги натера челниците да се предомислат.

Полјакот има 36 години, има договор до следното лето, а во исто време, неговите приходи ќе се зголемат во последната сезона. Тој е фудбалерот со најголема плата во Барселона.

Ова се сите причини зошто Барселона нема да остане имуна на профитабилна понуда од Саудиска Арабија.

„Мундо Депортиво“ не именува ниту еден арапски клуб конкретно, но не е тајна дека Ал Хилал бара замена за Александар Митровиќ, кој не е во плановите на Симоне Инзаги.

Во случај Левандовски да прифати огромна сума од Арапите, Ханси Флик ќе смета на Феран Торес и Маркус Рашфорд во шпицот на нападот.

Да ве потсетиме, Барса го донесе Левандовски во летото 2022 година од Баерн Минхен за 45.000.000 евра + 5.000.000 преку бонуси. Полјакот ја оправда инвестицијата, бидејќи помогна да се освојат две титули во Ла Лига, Купот на Кралот, два Суперкупа на Шпанија.

Фото/ Принскрин

Scroll to Top