Top Sport

„Ако добиеме понуди што не се одбиваат Квича и Осимен ќе заминат од Наполи“

Аурелио де Лаурентис конечно може да ужива во она што неговиот Наполи го покажува и во Серија А каде што му е отворен патот до „скудетото“ и во Лигата на шампионите каде направи голем чекор во четвртфиналето.

Наполи сезонава игра речиси без грешка, во досегашниот дел од сезоната има само два порази, во Серија А од Интер и во Лигата на шампионите од Ливерпул. Се чини дека се е совршено склопено и добро организирано во составот на Лучијано Спалети, тимот блеска на сите полиња, иако му предвидуваа пад на почетокот на 2023.

Осимен и Кварачели со одличните игри го привлекоа интересот на најдобрите европски клубови.

„Многу сум добар кога треба да склучам договор, па кога ќе дојдат кај мене, тие се блокирани, па нема да биде тешко да ги задржиме овде. Но, никогаш не вели никогаш. Понекогаш има понуди што не можете да ги одбиете. Па никогаш не се знае. Што се однесува до мене, долго ќе ги гледаме како блескаат овде“.

Scroll to Top