Top Sport

Ако дојде Мбапе, Азар ќе биде вишок во Реал

Трансферот на Килијан Мбапе во Реал е реалност, барем така тврдат шпанските медиуми. Напаѓачот ги одби сите понуди од ПСЖ за да го продолжи договор кој му истекува наредното лето. Ова значи дека Мбапе веќе на 1.јануари наредната година, може да потпише со „кралскиот клуб“.

Евентуалниот договор со Мбапе ќе му отвори еден друг проблем на Флорентино Перез. Вишок во тимот ќе биде Еден Азар, во кого клубот вложи 100 милиони евра.

Азар, за две години во Реал не покажа ништо. Белгиецот, поради проблемите со повредите, повеќе време мина во клупската амбуланта и на трибините, отколку на теренот.

Почетокот на сезоната најавува дека Азар би можел да се врати во формата која ја имаше во Челси.

Сепак планот на Реал, покрај Мбапе да се обидат да го донесат и Ерлинг Халанд, не му оди во прилог на Белгиецот.

Доколку овие двајца дојдат во Реал, покрај нив во нападот ќе игра Карим Бензема, а алтернатива ќе им биде Винисисус Жуниор.

Проблем за Реал е платата која ја има Азар, малку клубови можат да му го понудат она што го има во Мадрид.

Scroll to Top