Летниот преоден рок во поголемиот дел европски земји завршуваат на крајот на овој месец, а до тогаш не е исклучена можноста да се види уште некој сензационален трансфер, слично како оној на Меси од Барса во ПСЖ.
Деновиве се погласни се информациите дека токму играч на ПСЖ, Килијан Мбапе би можел да си оди од Париз пред истекот на договорот.
Иако најблизу до потпис со младиот Французин е Реал Мадрид, сепак се споменуваат и имињата на премиерлигашите Ливерпул, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.
Real Madrid are confident of luring Kylian Mbappe away from PSG, but they are wary of possible competition from Liverpool ??pic.twitter.com/tQhJovjGrS
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) August 25, 2021
На веста која се појави на социјалните мрежи дека Мбапе би можел да заврши на „Енфилд“, урнебесна беше реакцијата на поранешниот капитен на „црвените“, шпанскиот фудбалер Хосе Енрике кој беше дел од Ливерпул 5 сезони.
„Ако тоа навистина се случи, да дојде Мбапе во Ливерпул, има да скокнам гол во базен и во живо ќе снимам на Инстаграм“ – порача Шпанецот и ги повика своите следбеници да ги прокоментираат шансите францускиот ас да заврши во Ливерпул.
Неофицијалните информации се дека ПСЖ бара околу 200 милиони евра за Мабпе, па доколку се реализира негов трансфер во летниот преоден рок, „Светците“ сакаат со тие пари на „Паркот на принцовите“ да ги доведат Пол Погба и Роберт Левандовски.