Top Sport

„Ако го врати Бејл Мурињо ќе стекне почит кај навивачите“

Поранешниот менаџер на Тотенхем Хари Реднап смета дека Жозе Мурињо треба да се обиде да го врати Герет Бејл во клубот.

Се очекува во јануарскиот преоден рок Бејл да го напушти Реал. Ова сценарио е извесно по синоќешните провокации што Бејл ги испрати на адреса на Реал.

Тој пласманот со Велс на ЕУРО 2020 го прослави со државното знаме на кое пишуваше: „Велс. Голф. Мадрид“.

Реднап смета дека доколку Мурињо успее да го врати Бејл, дека со тој потег ќе ги „купи“ навивачите на Тотенхем.

„Какво засилување било тоа за клубот. Со тоа би се истакнал Мурињо, а потегот би го одобриле навивачите. Тој потег би бил одличен за него“, рекол Реднап.

Жозе Мурињо утрово официјално го презеде Тотенхем, откако клубот вчера се раздели со Маурисио Покетино.

Scroll to Top