Top Sport

Србите потврдија: Кокошков ќе ја предводи репрезентацијата

Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС) потврди дека нов селектор на националниот тим е Игор Кокошков. Детали од договорот не се објавени.

Медиумите во Србија во неделата објавија дека европскиот првак со Словенија ќе го наследи Александар Ѓорѓевиќ на функцијата, а КСС ја потврди информацијата во средата откако Кокошков добил дозвола од Сакраменто Кингс да ја обавува оваа функција.

Кокошков работи како асистент на тренерот Лук Волтон во Сакраменто.

„Ова именување е голема чест за мене и моето семејство. Среќен сум што ќе можам да го предводам националниот тим на Србија. Главен мотив да ја прифатам оваа работа е големата лична емоција и желбата по 20 години работа во НБА и повеќе од 10 години работа во ФИБА со други национални тимови конечно да се вратам таму каде што почнав, во Србија. Играчите со кои досега имав можноста да соработувам знаат дека мојот став е дека успехот на тимот им припаѓа на играчите, а тренерите мора да ја прифатат одговорноста“, рекол меѓу другото Кокошков.

Србија во февруари ја очекува првиот квалификациски прозорец за пласман на Европското првенство, а во јуни ќе игра квалификации за пласман на Олимписките игри во Токио.

Игор Кокошков е првиот не американски тренер кој бил главен тренер на НБА екипа. Минатата сезона тој ги предводеше Финикс Санс.

Во репрезентацијата работел како помошник на Жељко Обрадовиќ (2004-2005), а потоа бил селектор на Грузија. Со оваа селекција играл на три ЕП (2011, 2013, 2015). Најголемиот успех го постигнал со Словенија во 2017 година кога на ЕП во Турција ја освои европската титула.

Scroll to Top