Македонските претставници во Лига Европа Шкендија, Ренова и Силекс доколку ја минат втората квалификациска рунда, за пласман во фазата по групи ќе се борат со атрактивни противници.
Доколку Шкендија го мине во второто коло романскиот тим Ботошани, во третата рунда ќе се сретне со победникот од дуелот помеѓу Локомотив Пловдив и Тотенхем. Англискиот тим кој го предводи Жозе Мурињо е апсолутен фаворит во оваа пресметка.
Ренова за пласман во третата рунда се бори со Хајдук Сплит. Ако го мине Хајдук Ренова во третата рунда ја чека подобриот од натпреварот помеѓу Нефчи (Азербејџан) и Галатасарај (Турција).
Силекс кој испадна од првото коло во Лигата на шампионите, се пресели во Лига Европа. Противник на лидерот во домашното првенство во второто коло ќе му биде претставникот на Косово, Дрита. Доколку екипата од Кратово ја мине втората рунда, во третата за противник ќе го има најславниот полски тим Легија од Варшава.
Натпреварите во третата фаза ќе се играат на 24 септември, а реваншите на програмата ќе бидат на 1 октомври.