Top Sport

Израелците со гест за почит, им ги облекоа јакните на смрзнатите дечиња (видео)

Фудбалерите на Шкотска ја победија селекцијата на Израел со 3:2 во 6. коло од групата Ц во Лигата на нации, но мечот го обележаа гостинските фудбалери со постапката вредна за почит.

Пред почетокот на средбата, при интонирањето на химните Израелците ги соблекоа јакните и им ги облекоа на дечињата кои традиционално излегоа со нив на тревникот и стоеја пред нив.

Силниот ветер дополнително им се „закануваше“ на децата, па израелските фудбалери навреме ја увидоа ситуацијата и реагираа џентлменски, со што го воодушевија светот.

Погледнете.
https://t.co/DdEr42j3V2

Scroll to Top