Директорот на Ајнтрахт од Франкфурт Фреди Бобич ги замолил навивачите да не доаѓаат пред стадионот на 16 мај кога ќе продолжи сезоната во Бундеслигата.
„Разговаравме со нашите навивачи им кажавме: ‘Слушајте немојте да се собирате пред стадионот, бидејќи во тој случај ќе го изгубиме натпреварот. Правилата се јасни’. За среќа нашите навивачи се паметни“, рекол Бибич.
Бундеслигата е прекината пред два месеци поради коронавирусот, а ќе продолжи наредниот викенд. Сезоната ќе продолжи без публика и со некои правила кои задолжително мора да се почитуваат.
Фудбалерите нема во исто време да излезат на теренот, нема да има тимски фотографии, ниту ракување. На тренерите им е дозволено да ги извадат маските кога ќе делат совети, но во тој случај ќе мора да бидат оддалечени најмалку метар и половина од другите луѓе. Играчите, тренерите и останатите луѓе од тимот во соблекувалните ќе можат да бидат најмногу 30 до 40 минути.