Top Sport

УФЦ: Гетџи го „здроби“ Фергусон, па побара пресметка со Хабиб (видео)

Џастин Гетџи го имаше својот најдобар меч во УФЦ кариерата за да го победи Тони Фергусон по пет доминантни рунди за да ја освои преодната УФЦ титула во лесна категорија, по што одби да го носи појасот, велејќи дека сега треба да го победи Хабиб Нурмагомедов за „вистинската“ титула.

УФЦ 249 се врати во Џексонвил, Флорида, како едно од првите спортски натпреварувања по пандемијата на корона вирусот, секако без публика и со мерки на претпазливост, и „замената“ Гетџи го искористи тоа за импресивна победа во кафезот.

Гетџи беше замена токму за Нурмагомедов, кој „заглави“ во карантин во Русија и не можеше да отпатува за САД за пресметка со Хабиб, и шансата ја искористи совршено со стратешко уништување на Фергусон, кое во петтата рунда го предизвика судијата Херб Дин да го прекине мечот.

„Хабиб е најдобриот на светот. Работам од мојата четврта година за ваковп редизвик и среќен сум што можам да ги претставувам САД против најдобриот од Дагестан, или Русија. Тој има 28-0 скор и нема друг предизвик кој ми е потребен сега. Сакам меч со него“, изјави Гетџи.

Scroll to Top