Серж Гнабри нема намера да го продолжи договорот со Баерн, под условите што му ги понудил клубот. Крилниот напаѓач бара поголема плата, во спротивно ќе го напушти Минхен.
Серж Гнабри има договор со Баерн до 30.јуни наредната година, доколку клубот не го продаде ова лето, тогаш наредната година тој како слободен играч ќе замине од Минхен.
Интерес за Гнабри, наводно покажале неколку клубови од Премиер лигата и Реал Мадрид.
За да остане фудбалерот бара поголема плата. Со актуелниот договор тој годишно заработува 8.000.000 евра. Побарал неговата плата да биде иста како платите на Кингсли Коман и Лирој Сане.
Овие двајца од клубот добиваат 17.000.000 евра по сезона.
„Размислува за нашата понуда. Кога работите ќе станат јасни ќе ја известиме јавноста“, рекол челникот на Баерн, Оливер Кан.
Добра вест за Баерн е што наскоро нови договори ќе потпишат Мануел Ноер и Томас Милер.