Top Sport

Ако не ја поништат одлуката белгиските клубови нема да играат во Европа

Белгија е првата земја која реши да го прекине фудбалскиот шампионат. Титулата му припадна на Клуб Бриж. Оваа одлука наиде на осуда во УЕФА откаде на почетокот на неделата им порача на националните сојузи да не ги откажуваат првенствата туку да се обидат да најдат начин тие да завршат.

Првиот човек на УЕФА Александар Чеферин разговарал со колегата од Белгија Меди Бајату и му порачал да ја преиспита одлуката. Чеферин се заканил дека доколку Белгија не ја поништи одлуката тогаш нема да има свои претставници во европските купови наредната сезона.

Поради тоа Фудбалскиот сојуз на белгија издаде соопштение во кое се вели дека одлуката за прекин на првенството не е конечна туку таа треба да помине и на Генералното собрание.

Scroll to Top