Top Sport

Ако не може Меси, може Мек Алистер – Аргентина со брз гол на стартот на второто полувреме

Откако во првото полувреме не им помогна ниту сомнително досуден пенал, Аргентинците, конечно, дојдоа до предност против Полска во одлучувачкиот меч за пласман во осминафинале, благодарние на Алексис Мек Алистер во 46. минута.

Во првиот напад од второто полувреме, Нахуел Молина фантастично му асистираше на фудбалерот на Брајтон, Мек Алистер, кој упати удар, кој Војчех Шчесни едноставно не можеше да го дофати.

Scroll to Top