Top Sport

Ако не му дозволат трансфер Левандовски ќе го активира „Вебстеровото правило“

Роберт Левандовски јасно и гласно му порача на Баерн дека повеќе не сака да игра во Минхен. Полјакот преферира трансфер во Барселона.

Баерн нема намера да му попушти на својот најдобар играч и стрелец. Цврсти се во намерата тој да го одработи својот договор, кој истекува во јуни наредната година.

Левандовски ќе поќека да добие дозвола да го напушти клубот, доколку тоа не се случи може да го искористи „Вебстеровото правило“.

Во членот 17 од Законот на ФИФА за „Правила за статусот и трансферите на играчите“, постои ова правило, наречено по шкотскиот фудбалер Енди Вебстер.

Во 2006 година Вебстер од Хартс се пресели во Виган се пресели од Хартс во Виган, една година пред да му истече договорот и покрај противењето на шкотскиот клуб. Хартс сакаа да го задржат со сила до истекот на неговиот договор, тој посегна по правна битка и беше направен преседан кој оттогаш стана правило.

Правилото вели дека секој играч кој наполнил 28 години, а претходно поминал три години во клубот, може да ги откупи последните година или две од договорот со актуелниот клуб. Висината на откупот е еднаква на годишната бруто плата во клубот.

Левандовски ги исполнува сите услови да посегне по ова легално оружје. Во клубот е осум сезони, одамна ја мина границата од 28 години и има само уште една година договор со Баварците.

Неговата бруто плата во Баерн е 24.000.000 евра и за таа сума може да го откупи договорот и да се пресели во Барселона. Секако дека Каталонците би морале да го обесштетат за споменатиот откуп, но на тој начин тие ќе профитираат, бидејќи сега се подготвени на Баерн да му понудат 32.000.000 евра за трансферот на полскиот напаѓач.

Наводно, доколку не успее да го убеди клубот да му дозволи трансфер, Левандовски бил подготвен да се повика на ова правило.

Проблемот е што во Барселона се уште владее финансиски хаос и на клубот не му е дозволено да регистрира нови играчи или да ги продолжува договори со сегашните првотимци додека не ги среди финансиските книги. Рокот за тоа е 30 јуни.

Scroll to Top