Top Sport

Ако не најде нови газди Дерби каунти ќе престане на постои

Еден од најстарите фудбалски клубови во светот се наоѓа пред гаснење. Дерби каунти, до 6.февруари, мора да најде нови газди, во спротивно клубот ќе престане да постои. Клубот има долг од 60.000.000 фунти

На почетокот на сезоната, поради финансиски неправилности, Фудбалската асоцијација на Англија му одзеде на Дерби каунти 21 бод. И покрај тоа, менаџерот Вејн Руни и неговите фудбалери, се борат на теренот, го надоместија минусот, сега се во плус од 15 поени, односно дојдоа на седум бода од безбедната зна.

Сепак иднината на клубот е под голем знак прашалник.

Клубот основан во 1884 година, два пати бил шампион на Англија.

Scroll to Top