Top Sport

Ако не остане Ибра, Милан тргнуваат по Јовиќ

Милан веќе контактирале со Лука Јовиќ и подготвени се да инвестираат 40 милиони евра за српскиот напаѓач на Реал Мадрид да пристигне на „Сан Сиро“, но тоа би значело дека Златан Ибрахимовиќ не останува, јавува „Калчомеркато“.

22-годишниот српски напаѓач минатото лето направи трансфер од Ајнтрахт во Реал за 60 милиони евра, но се мачеше да има било какво влијание на „Сантијаго Бернабеу“, а потоа дојде и скандалот во Србија кога доби кривична пријава за прекршување на правилата за изолација поради корона вирусот.

„Росонерите“ се заинтересирани за договор за позајмица на две сезони со обврска за купување, но преговорите нема да бидат лесни бидејќи и Лацио се заинтересирани за него. Иван Газидис бил во постојан контакт со агентот на фудбалерот, Фаљи Рамадани.

Scroll to Top