Top Sport

Хабиб: Сега е време за корона, кога ќе дојде време за Хабиб ќе ги скршам сите

УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов вели дека е подготвен за камбек во октагонот во јули, ветувајќи дека ќе ја „скрши“ конкуренцијата и ќе го смени „времето за корона“ со „времето за Хабиб“.

Нурмагомедов мораше да се повлече од долгоочекуваната пресметка со Тони Фергусон на УФЦ 249 поради хаосот со корона вирусот, откако се врати во Русија по затварањето на неговиот тренинг-центар во Калифорнија. Тој прво најави дека ќе биде потребно барем до септември за да се врати на борбите по рамазанските пости, но сега вели дека е подготвен било кога.

„Можам да се борам било кога, рамазан завршува на 23 мај, и веќе во јули ќе бидам подготвен. Доста зборувате за мене, сега е време за корона, кога ќе дојде време за Хабиб, ќе ги скршам сите“, напиша Хабиб.

Ако се врати во јули, Хабиб може ќе биде меѓу првите фајтери кои ќе се борат на „Островот на борбите“ на газдата на УФЦ, Дејна Вајт, кој вети дека ова лето ќе го отвори екстравагантното место за борење. Сепак, поверојатно е Хабиб да се бори со победникот од пресметката овој викенд за преодната титула меѓу Фергусон и Џастин Гетџи.

Scroll to Top