Top Sport

„Ако не сакате да играте ќе бидете исфрлени од Премиерлигата“

Клубовите имаат желба но се уште не е познат датумор кога би можела да продолжи сезоната во Премиерлигата. Доколку властите дозволат клубовите би започнале со тренинзите на 18 мај, а сезоната би продолжила на 12 јуни.

Во понеделник клубовите ќе одржат нов состанок на кој детално треба да биде предложен планот под какви услови би можела да продолжи сезоната.

Еден од предлозите е натпреварите да се играат на неутрални терени. На оваа идеја се противат клубовите кои се наоѓаат во долниот дел на табелата. Тоа се: Астон Вила , Норич, Борнмут, Брајтон, Вест Хем и Вотфорд.

Овие тимови дури се залагаат и сезоната да биде прекината нивната надеж е дека во едно такво сценарио лигата би била проширена, што значи дека би немале грижи околу борбата за опстанок.

„Се противам на предлогот да се игра на неутрални терени. Ние две третини од бодовите имаме освоено на домашен терен. До крајот на сезоната треба да одиграме уште шет натпрвари како домаќини, не сакаме да се откажеме од таа предност“, рекол извршниот директор на Астон Вила Кристијан Пурсоу.

Од Премиер лигата имаат друг план, со закани ќе убедуваат клубовите доколку помине предлогот да се игра на неутрални терени. Кој нема да прифати да игра ќе биде исфрлен од Премиерлигата, односно ќе биде префрлен во понизок ранг.

Scroll to Top