Top Sport

Ако не се смени неговиот статус Фати ќе ја напушти Барселона

Шпанскиот напаѓач Ансу Фати може да ја напушти Барселона следното лето, го предупреди клубот неговиот менаџер Жорге Мендеш.

Ансу Фати, требаше да биде наследникот на Лионел Меси. По заминувањето на Меси, Барселона му ја дедели десетката на Фати, но повредите и двете операции го спречија да го покаже квалитетот.

Работите дополнително се вложија за младиот фудбалер во летниот преоден рок, кога Барселона дополнително се засили на крилните позиции. Поради тоа тој не добива доволно минути од тренерот Чави. Предност на крилните позиции имаат Дембеле и Рафиња.

Фати е незадоволен од статусот што го има, а сето тоа на Џоан лапорта му го соопштил неговиот менаџер.

Според шпанските медиуми, Мендеш на Лапорта му рекол дека доколку Фати не игра повеќе до крајот на сезоната, ќе најде начин неговиот клиент да го напушти клубот.

Секако, тоа нема да биде лесно бидејќи Фати има договор до 2027 година со откупна клаузула од 1.000.000.000 евра. Јасно е дека не постои клуб во светот што може да ја плати оваа клаузула.

Scroll to Top