Гонзало Игуаин се наоѓа во Аргентина крај својата болна мајка што за Јувентус претставува голем проблем. Игуаин наводно им порачал на челниците дека нема намера да се враќа во Италија, бидејќи сака да биде со семејството, но дека редовно тренирал.
Според италијанските медиуми ваквиот став на Игуаин не им се допаднал на клупските челници и доколку тој не се врати во Италија, кога клубот ќе му наложи, тогаш ќе му врачат отказ.
Игуаин е еден од осуммината странци кои заминаа од Торино кога започна кризата со коронавирусот. Најверојатно тие на почетокот на мај ќе треба да се врата во клубот.
Доколку добие отказ Игуан ќе остане без 7,5 милиони евра колку што изнесува неговата годишна плата.