Top Sport

Ако не успее со Каиседо, Челси ќе го донесе Паредес

Маурисио Покетино очајнички се обидува да донесе уште еден играч во редот за врска. Примарна мета на менаџерот на Челси е играчот на Брајтон, Мојсес Каиседо.

Преговорите меѓу клубовите започнаа пред еден емсец и извесно е дека ќе завршат неуспешно. Брајтон не сака да го пушти Еквадорецот за помалку од 100 милиони евра. Челси досега најмногу понуди 75 милиони евра и уште дополнителни пет милиони преку разни бонуси.

Сега Челзи бара некое друго решение, а според медиумите изборот на Покетино е неговиот сонародник, Леандро Паредес.

Аргентинецот се врати во ПСЖ по позајмица во Јувентус, но за него нема место во Париз. Тој беше поврзуван со Галатасарај, но на крајот би можел да направи неочекувана преселба во Лондон.

Паредес има 29 години и има договор до следното лето, па ПСЖ би можел да го пушти за не многу големо обесштетување.

Scroll to Top