Манчестер Јунајтед подготвиле резервен план доколку во јануарскиот преоден рок не успеат да го донесат Марио Манџукиќ, пишува „Мирор“.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер, сметал дека му треба класичен напаѓач, бидејќи Маркус Рашфорд не се снаоѓа најдобро на таа позиција, поради што решил да даде зелено светло за трансферот на Манџукиќ, за кого повеќе нема место во Јувентус.
Англичаните се помалку скептични дека трансферот на Манџо ќе биде реализиран, поради тоа подготвиле резервен план.
„Планот Б“ на Манчестер Јунајтед го вклучува Един Џеко од Рома. Џеко има големо искуство во Премиер лигата. Во периодот од 2011 до 2015 година тој одиграл 189 натпревари и постигнал 72 гола за градскиот ривал на Јунајтед, Манчестер сити.