Top Sport

Илјадници ги испратија играчите на Фламенго на пат кон Перу (Видео)

Фламенго и Ривер Плата, в сабота, ќе се борат за трофејот во Копа Либертадорес. Финалниот меч ќе се игра во Лима, Перу.

Ривер Плата во перуанската престолнина ќе го бранат трофејот освоен лани, додека Фламенго немаат трофеј во Копа Либертадорес од 1981 година.

Со цел да им дадат поддршка на своите миленици да го прекинат 38 годишниот пост, илјадници навивачи ги испратија фудбалерите на Фламенго.

Финалниот натпревар во Лима в сабота ќе започне во 21 часот по средно-европско време.

Scroll to Top