Top Sport

„Ако победам на изборите, Меси ќе остане во Барселона“

Кандидатот за претседател на Барселона, Жорди Фаре, ветил дека Лионел Меси ќе остане во клубот доколку тој победи на изборите.

„Меси ќе остане доколку победам. Ќе ви го кажам и датумот кога ќе го потпише договор. Тоа ќе биде ден по изборите, на 25.јануари. Тој сака да остане, јас го знам тоа“, рекол Фаре.

Лионел Меси, минатото лето имаше желба да го напушти клубот. На крајот остана, бидејќи Барселона не сакаа да го пуштат без обесштетување.

Со името на Аргетнинецот се поврзани кампањите на сите кандидати на претседателските.

Меси има договор со Барселона до крајот на сезоната, тој по 1.јануари може да преговара со други клубови.

Scroll to Top