Додека Реал Мадрид се бори за ново финале во Лигата на шампионите, Флорентино Перез ја комплетира најголемата „летна бомба“. Германскиот „Билд“ објави дека трансферот на Џуд Белингем ќе се реализира побрзо од сите очекувања и дека Реал работи на сите детали.
Не е тајна дека Реал Мадрид и Борусија Дортмунд веќе постигнаа начелен договор и дека остануваат уште само мали финеси за комплетирање на трансферот.
Перез сака само да ги реши по забрзана постапка и во случај на елиминација од Манчестер Сити што поскоро да официјализира нов рекорден трансфер.
Луѓето од доверба на Флорентино Перез денеска ќе пристигнат во Дортмунд на последната рунда преговори, а познато е дека Реал Мадрид е подготвен да плати 100 милиони евра, но и дополнителни бонуси, со што Белингем би станал најскапото засилување во историјата на „кралскиот клуб“.
Тој рекорд моментно го држи најголемото трансферно промашување во клупската историја Еден Азар, кој летото 2019 година беше платен 120 милиони евра.
Трансферот на Белингем сигурно ќе ја надмине таа сума со остварените бонуси, а уште поважно е неговото доаѓање да биде официјализирано пред сите очекувања.
Тоа што е особено интересно е дека Џуд Белингем и Борусија Дортмунд сѐ уште се борат за титулата во Бундеслигата и сигурно не би била најдобрата порака за тимот и навивачите доколку неговиот трансфер се официјализира пред крајот на сезоната. Но, од друга страна тоа е начинот на работа на Флорентино Перез, а тој секогаш сака да има „кец во ракавот“ за да ги придобие навивачите.