Top Sport

Ако си замине Халанд, Киеза ќе го замени во Борусија (Д)

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд веќе подолг период се споменува дека наскоро ќе го напушти тимот на Борусија Дортмунд и ќе се обиде да се наметне во посилен европски клуб.

Имаше обиди за негов трансфер и летово што помина, на наскоро можно е да има нова прилика за такво нешто.

Халанд е под договор со „милионерите“ до крајот на јуни 2024 година, но малкумина веруваат дека толку долго ќе се задржи кај „жолто-црните“.

Многупати досега се споменуваше негов премин во Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Челси, Ливерпул, Јувентус…Прашање е само кој од гигантите ќе понуди најмногу за неговите услуги.

Во Борусија се свесни за интересот за Халанд, па бараат играч кој би го пополнил неговото место доколку норвешкиот ас замине од Дортмунд.

Италијанските медиуми пишуваат дека во тој избор највисоко котира фудбалерот на Јувентус, италијанскиот репрезентативец, Федерико Киеза.

Сепак, се додава дека од таборот на „Старата дама“ ќе инсистираат на рекордно висок трансфер за негова продажба.

Scroll to Top