Еден од најдобрите фудбалери на Лацио Сергеј Милинковиќ-Савиќ би можел да го напушти клубот во летниот преоден рок. Доколку се случи тоа „бајнкочелестите“ ќе го донесат соиграчот на Илија Несторовски од Удинезе, Родриго Де Паул.
Лацио го продава Милинковиќ-Савиќ но само под услов сумата да е најмалку 100 милиони евра. Слична беше приказната и минатото лето, медумите тврдеа дека тој заминува од Лацио за на крајто да остане во Рим.
Доколку се случи српскиот репрезентативец да замине од Лацио, претседателот Клаудио Лотито има намера да го донесе 25 годишниот Аргентинец од Удинезе. Цената на Де Паул изнесува 40 милиони евра.