Top Sport

Ако замине Донарума во Милан доаѓа Рајковиќ

Италијанските медиуми пишуваат дека српскиот репрезентативец Предраг Рајковиќ би можел да се пресели во Милан доколку Џиџи Донарума го напушти „Сан Сиро“.

Донарума има договор со Милан до јуни наредната година, а се уште не е познато дали тој ќе го продолжи договорот, односно дали ќе ја продолжи кариерата во некој друг клуб.

„Тутоспорт“ пишува дека доколку Донарума замине тогаш прв пик на Милан за негов наследник ќе биде Рајковиќ.

Србинот брани за Ремс и сезонава е најдобро оценетиот голман во Франција. На голот на Ремс Ракјковиќ на ниту еден меч не примил повеќе од еден гол, а на 12 натпревари останал не совладан.

За најдобар голман во сезоната Рајковиќ е прогласен и од „Франс Фудбал“.

Покрај Милан интерес за голманот покажува и Севилја.

Scroll to Top