Top Sport

Кипраните ја завршија сезоната, не прогласија шампион

Кипар е петтата држава во Европа која објави крај на фудбалската сезона. Претходно крај на сезоната прогласија Франција, Холандија, Белгија и Шкотска. Кипраните по примерот на Холандија ја прекинаа сезоната меѓутоа не прогласија шампион.

Во текот на состанокот на Фудбалскиот сојуз на Кипар и клубовите покрај одлуката да се прекине сезоната било решено да не биде прогласен шампион, а наредната сезоната лигата да биде проширена и во неа ќе се натпреваруваат 14 екипи. Поради проширувањето ќе биде сменет и форматот на натпреварувањето, нема да се игра плеј-оф, туку ќе се играат 28 кола.

До УЕФА ќе биде доставена листата на клубови кои ќе го претставуваат Кипар во европските купови. Иако на табелата Омонија и Анортозис имаа ист број на поени, во квалификациите за Лигата на шампионите ќе оди Омонија поради подобриот меѓусебен скор.

Во квалификациите за Лига Европа покрај Анортозис ќе одат и АПОЕЛ, односно Аполон.

Scroll to Top